сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 83
home Хроника

Викендов 20 сообраќајки во Скопје, повредени 8 лица

Викендов 20 сообраќајки во Скопје, повредени 8 лица

Во текот на викендот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 20 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и 12 со материјална штета.

При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и 10 со лесни телесни повреди. 220 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената.

Исто така, исклучени се и 66 возачи бидејќи 28 го управувале возилото под дејство на алкохол 28 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 10 биле возачи почетници. 27 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани.

Исто така, санкционирани се и три возачи кои поминале на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, петмина неправилно се престроиле и 10 не поседувале зимска опрема.

Санкционирани се и пет пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 187 мандатни платни налози, додека 152 возила се подигнати со “Пајак”.

Коронавирус