четврток, 22. август 2019. Вести денес: 99
home Хроника

Викендот во Скопје 22 сообраќајки, две лица тешко повредени

Викендот во Скопје 22 сообраќајки, две лица тешко повредени

Две лица се тешко, а девет полесно повредени во вкупно 22 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 11 сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Санкционирани се 194 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 15 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, седум возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, 10 возачи за не поседување зимска опрема во возилата, 20 возачи за не носење сигурносен појас и 44 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Санкционирани се и 15 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и осум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Затекнати се 229 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило пајак се отстранети 154 возила.

Од сообраќај се исклучени 30 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 29 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, четворица возачи почетници, како и 30 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.