вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 126
home Хроника

ВИДЕО: Запленети околу 300 килограми марихуана, приведен маж од Бутел

ВИДЕО: Запленети околу 300 килограми марихуана, приведен маж од Бутел

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје денеска врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија од преземени мерки и активности, изврши претрес во домот на Х.Е. (30) од Скопје, општина Бутел, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При претресот пронајдени се 229 кеси со марихуана со вкупна тежина од околу 300 килограми. Х.Е. е приведен, а марихуаната е предадена за вештачење и  мерење.

По целосно документирање на случајот, против Х.Е. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје поради основано сомневање за сторено  кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено во член 215 став 1 од КЗ на РМ.