понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Хроника

ВИДЕО: Запленети 50 килограми марихуана, уапсен дилер

ВИДЕО: Запленети 50 килограми марихуана, уапсен дилер

Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со наркотици, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес и ОВР Неготино, на 05.11.2020 на подрачје на с. Дуброво, неготинско, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и други простории кај Е. Е.(29), информира МВР.

При претресот во помошни простории кои ги користел Е.Е. пронајдени се околу 50 килограми марихуана.

Е.Е. е приведен, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Коронавирус