понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 150
home Хроника

ВИДЕО: Возач тешко повреден во сообраќајка на скопска обиколница

ВИДЕО: Возач тешко повреден во сообраќајка на скопска обиколница

Педесет и три годишниот А.С. од тетовското село Горно Седларце е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера во 19 часот се случила на скопската обиколница, во атар на село Волково.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале товарно моторно возило „Ивеко“ со тетовски регистарски ознаки, со приклучно возило, управувано од А.С.(53) и паркирано товарно моторно возило „Даф“ со скопски регистарски ознаки.

-Во незгодата А.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза” каде што е задржан на понатамошно лекување, информираат од МВР.

Коронавирус