недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

(ВИДЕО) Тв21: 11-годишно девојче било силувано од 19-годишен братучед. Полицајци ја уценувале да ја повлече изјавата

(ВИДЕО) Тв21: 11-годишно девојче било силувано од 19-годишен братучед. Полицајци ја уценувале да ја повлече изјавата

11 годишно девојче било силувана во текот на една година од нејзиниот прв братучед (19 годишен)кој бил пријавен  на 03.02.2020.Според изјава на нејзината мајка за  ТВ21 полицајците ја отстраниле мајка и од просторијата кога зборувале со девојчето нмо и рекле да ја смени изјавата бидејки, татко и ќе заврши во затвор.

Од полиција и препорачале на малолетничката да посети психијатар, но таа се плаши да оди. Дека 11 годишното девојче е силувано е потврдено и од Гинеколошка болница. ТВ21 најавува дополнителни информации за овој случај, кои ќе ги објави во наредните денов

Пред 3 недели и беше роденден, наполни 11 години. Но роденденот го поминала плачејќи поради траумите, како што вели таа, од силувањето од 19 годишен братучед.

 

Малолетничката: Имам 11 години. . .

ТВ21: Кога се случило настанот?

Малолетничката: Одамна . . . од четврто одделение . . .

ТВ21: Од четврто одделение тој те следи?

Малолетничката: Од четврто одделение . . .

ТВ21: А кое одделение си сега?

Малолетничката: Петто . . . со сила . . .

ТВ21: Порано што ти кажал тој?

Малолетничката: Ајде, ќе и кажам на . . .  кај неговата куќа. . .

ТВ21: Те однесе кај неговата куќа?

Малолетничката: Кај неговата куќа . . . ме однесе кај неговата куќа.

ТВ21: И дали беше некој таму?

Малолетничката: Знаеја и моите братучетки . . .

За да имаат интимни односи, осомничениот испраќал заканувачки пораки на девојчето.

Силувачот: Дојди

Малолетничката: Не.

Силувачот: Дојди побрзо инаку ќе и кажам на мајка ти.

Поради тоа што малолетничката беше многу вознемирена, зборуваше нејзината мајка. Таа рече дека ќерка и била силувана една година, секоја втора недела.

Мајката на малолетничката: Не може така да се ослободи, како кога зборува возрасен човек. Ослободи се ќерко . . . веќе една година ја силува . . .

ТВ21: Како веќе една година? Кога се случило прв пат?

Мајката на малолетничката: Кога беше четврто одделение.

Малолетничката: Кога бев четврто одделение . . .

ТВ21: Вие знаевте од почеток?

Мајката на малолетничката: Не, не. . . јас се сомневав бидејќи стана „дива“. Не можевме да ја контролираме. Се обидував со добро . . . му кажав на нејзиниот татко, погледни ја ќерка ти, ова не е во ред. Дали да ја однесам на психијатар или каде?

Случајот, како што рече мајката, го пријавиле во полиција, на 3-ти февруари 2020 година, во 11 часот претпладне. Во полиција оделе 3 дена.

Мајката на малолетничката: Ја земав од школо и ја однесов на полиција. Таму ги направивме анализите, одевме 2-3 дена. И го затворија . . .

ТВ21: Го затворија?

Мајката на малолетничката: Тоа момче . . . потоа не знам колку беше во полиција, до 2. Ги прашував јас, никој не ми даваше одговор.

Нејзината мајка се посомневала дека нешто не е во ред, бидејќи кога ја зеле ќерка и на распит, на мајката и рекле да почека надвор.

Мајката на малолетничката: Јас забележав дека нешто се случува, мене ме однесоа во друга соба . .  без мајката . .  ќерката ја испрашуваа без мое присуство . . . така е нели, јас не знам, немав работа со полиција. Така требало, да направиме очи в очи. Не се плаши мајкино. Кажи му директно во очи, бидејќи така заслужува. Јас не знаев дека не смее дете да се остави само. . . Двајца Македонци и еден Албанец. Доколку не ја смениш, ќе го ставиме татко ти во затвор.

Поради тоа, мајката вели дека лицето кое го силувало девојчето се уште е на слобода. Контактиравме со осомничениот. Тој вели дека е невин и затоа полицијата го ослободила. Меѓутоа, се заканувал и на екипата на ТВ21 поради тоа што се распрашувале за случајот.

Осомничено лице: „Слушај што ти велам, да го направев тоа немаше да одам во полиција, натаму – наваму и на крај да излезам невин. Ве молам немојте . . . Што? Не се обидувајте нешто, јас повторно ќе дојдам во полиција и ќе излезам невин. Потоа ќе биде полошо“.

Од полиција и препорачале на малолетничката да посети психијатар, но таа се плаши да оди. Дека 11 годишното девојче е силувано е потврдено и од Гинеколошка болница. ТВ21 има дополнителни информации за овој случај, кои ќе ги објавиме во наредните денов

Коронавирус