четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 21
home Хроника

Видео од сообраќајката кај Плетвар: Возилата превртени, има повредени

Видео од сообраќајката кај Плетвар: Возилата превртени, има повредени

Двајца се полесно повредени при сообраќајната несреќа што се случила претпладнето на патот Градско-Прилеп, на 20-ина километри под превојот Плетвар.

Повредените се префрлени во прилепската градска болница на испитување и на лекување.

Според првичните информации, од службата за итна медицинска помош од Прилеп, која била повикана да интервенира во 9:50 часот, сообраќајната несреќа била помеѓу камион и автомобил.

Повредените не се во животна опасност.

„Алсат“ објави видео од сообраќајката.