сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 47
home Хроника

Видео од моментот на сообраќајката на автопатот Тетово- Гостивар во која загина жена

Видео од моментот на сообраќајката на автопатот Тетово- Гостивар во која загина жена

Утрово во 06.45 часот на автопатот Тетово-Гостивар кај наплатната рампа кај Тетово се случи страшна сообраќајна несреќа во која загина едно лице, 51-годишна жена од Кичевo.

Двете возила се судриле на самата наплатна рампа, практично меѓу две кабини, што се гледа од видеото.

Неофицијално, најпрво едното возило влетало со огромна брзина и удира во бетонот, па другото се забило во него. Загинатата жена е од Кичево, а возела автомобил Мерцедес со охридски регистарски таблички.

Другото возило во кое имало тројца патници е марка Фолксваген Туарег од Дебар, а го управувало 37-годишно лице. Патниците во туарегот се тешко повредени и префрлени во тетовската болница каде се задржани на лекување.

Извор: Сител

Коронавирус