четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

ВИДЕО: МВР уапси дилери и заплети 22 кг. марихуана

ВИДЕО: МВР уапси дилери и заплети 22 кг. марихуана

Шест лица се приведени и запленети се околу 22 килограми марихуана во синоќешната операција на МВР, изјави денеска портпаролот на Министерството, Тони Ангеловски.

Марихуаната била транспортирана од Албанија во Македонија. На превојот „Стража“ од страна на полициски службеници запрени се две патнички моторни возила и при извршен претрес во возилото „Шкода суперб“ пронајдени и одземени се две вреќи со марихуана.

– На местото на настанот лишени се од слобода три лица од Скопје, меѓу кои и организаторот на транспортот на дрогата К.Р.(29) од Скопје, кој претходно бил осуден на казна затвор во траење од 11 години и бил во бегство од Казнено поправна установа „Идризово“, а се барал по распишана потерница. Лишени од слобода се и Р.И.(23) и С.Е.(22), рече Ангеловски.

К.Р. планирал дрогата да ја продава на подрачјето на Скопје, Велес и Тетово. Извршени се претреси во Скопје и кај Р.И. е пронајдено околу 50 грама кокаин, 16 паковки со кокаин и дигитална вага, како и 46 куршуми калибар 22мм., додека кај С.Е. пронајдени биле околу 700 грама марихуана и таблети екстази и дигитална вага.

– Извршени се претреси и во Струга и Охрид, при што лишен од слобода е Ш.Т.(36) кој ја набавил запленетата марихуана од Албанија, а исто така во врска со овој случај од слобода се лишени и Д.О.(62) од Струга и А.И. (42) од Охрид, рече тој.

Запленети се и две патнички возила, околу 3.000 евра и 4.000 денари кои потекнуваат од продажба на дрога, а од страна на МВР се преземаат мерки и активности за идентификување на други инволвирани лица во случајот.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело по чл.215 став 3 „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници.