понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 28
home Хроника

ВИДЕО: Горат железнички прагови во Куманово – 8 пожарникарни возила се борат со пожарот

ВИДЕО: Горат железнички прагови во Куманово – 8 пожарникарни возила се борат со пожарот

Осум противпожарни возила со повеќе од десеттина пожарникари повеќе од еден час се обидуваат да го локализираат пожарот што избувна на пат во близина на Железничката станица Куманово, информираа надлежните од Територијалната противпожарна единица Куманово.

– Пожарот е под контрола нема опасност од ширење. Има голема количина на прагови за железничка пруга кои се дрвени премачкани со специјални премази, што го отежнува гасењето, изјави шефот на смена од ТППЕ Куманово, Ненад Кипријановски.

Пожарот во СВР Куманово е пријавен во 17:40 часот, од каде информираа дека сообраќајот на делницата Куманово-Табановце е во прекин. Облак од густ црн чад се забележува од повеќе локации во Куманово.

Градоначалникот на Куманово објави видео од пожарот, а во опис напиша:

„Несовесност на граѓани носи проблеми со несогледиви последици.Опожарени се складирани дрвени прагови на железничка станица во Куманово, пожарот е локализиран, се гаси и контролира од несакани ширења.Во моментов ППЕ Куманово работи на терен со три возила, оваа акција ќе се оддолжи поради опожарениот материјал кој е битуменизирана сува дрвена маса.Апелирам на смиреност, институциите си ја вршат својата задача, засегнатите граѓани да се обратат на телефонскиот број 195 во ЦУК или кај Ивица Димовски (070312727) началник на општински кризен штаб“.