среда, 23. септември 2020. Вести денес: 173
home Хроника

ВИДЕО: Демировски давал мито за доверлива документација за производство на муниција

ВИДЕО: Демировски давал мито за доверлива документација за производство на муниција

Откако излезе веста за приведувањето на македонскиот државјанин Шефкет Демировски во Србија, вчера српските медиуми објавија и снимка од приведувањето за крадење на доверлива документација од српската фабрика за наменско производство „Први Партизан” во Ужице.

Инаку, Демировски е сопственик на фабрика за наменско производство во Визбегово АТС груп, во Босна и Херцеговина и косопственик на таква фабрика и во Катар, а е обвинет за поткуп од најмалку 30.000 евра за добивање на воено-техничка документација за машина за производство на муниција и оружје, кои биле пронајдени при претресите на осомничените во Белград, Ужице и Пожега.

Во хотелот во Белград, каде што Демировски и Боривоје Глишовиќ, пензионираниот инженер договориле средба, требало да се изврши примопредавањето на доверливата документација, а Глишовиќ за ова од Демировски веќе добил аванс од 30.000 евра, а преостанатиот дел бил договорен по предавањето на целосната документација, информираат од БИА.

Фабриката на Демировски во Визбегово беше отворена во јули годинава, а присуствуваа премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, министрите Садула Дураки, Радмила Шекеринска, Крешник Бектеши.

Коронавирус