петок, 19. јули 2019. Вести денес: 133
home Хроника

ВИДЕО: Брутално си ги ликвидирала родителите и малолетната сестра – ова е убиеното семејство од Дебар

ВИДЕО: Брутално си ги ликвидирала родителите и малолетната сестра – ова е убиеното семејство од Дебар

Трикратното убиство кое се случи во Дебар е главна тема и во регионот.

Фактот дека осомничена за убиството е  Б.П. (28) ја зголеми тензијата и револтот насекаде.

Според информациите, таа ги убила своите родители и својата малолетна сестра.

Медиумите ширум светот објавуваат информации, фотографии и видеа за ова грозоморно злодело.

Одреден е притвор во траење од 48 часа на постарата ќерка на семејството Поцеста Б.П. (28), осомничена дека го извршила грозоморното тројно убиство во Дебар и дека таа го застрелала својот татко Агим, мајката Назмие и 14- годишната сестра Анила.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар до Основното јавно обвинителство во врска со убиството на А.П. (54), Н.П. (53) и нивната 14-годишна ќерка во Дебар поднесе кривична пријава против Б.П. (28) од Дебар поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство“, како и против Ф.Г.(31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар за помагање во врска со „убиство“. Б.П., Ф.Г. и В.К. се приведени, а судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар им одреди притвор во траење од 48 часа, информираат од МВР.