сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 32
home Хроника

Верижна сообраќајка во Сарај: Повредени 4 лица, меѓу кои две деца

Верижна сообраќајка во Сарај: Повредени 4 лица, меѓу кои две деца

Вчера попладнето во 17.25 часот во село Сарај, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.С. (38) од село Арнакија, скопско, патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетoвски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(31) од село Нераште, тетовско и патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(46) од село Грчец, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило двегодишно девојче од село Нераште -сопатничка во возилото „Голф“ со тетовски ознаки. Таа била пренесена на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле и возачот на возилото „Голф“ со тетовски ознаки и сопатниците- тригодишно дете и С.И.(21), сите од село Нераште.

По укажаната помош тие биле пуштени на домашно лекување. Извршен е увид на местото.