сабота, 17. август 2019. Вести денес: 91
home Хроника

Верижен судир на патот Пробиштип-Крупиште, девојка се бори за живот на Клиника

Верижен судир на патот Пробиштип-Крупиште, девојка се бори за живот на Клиника

Вчера во попладневните часови, поточно околу 13 :30 часот на регионалниот пат Пробиштип-Крупиште, кај место викано „Лезовски Кантон“, дошло до судир помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот З.А. од Скопје, товарно возило „Мерцедес Спринтер“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот З.Т. од Кочани и мотоцикл „Трува“, управуван од 27-годишниот И.А. од село Горобинци, светиниколско.

Притоа, со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот И.А., кој по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување, додека сопатничката на мотоциклот 27-годишната С.И. од Пробиштип поради сериозноста на повредите била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Пробиштип.

Во периодот од 14.05 до 15.45 часот, додека траел увидот, сообраќајот бил во прекин.