вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Верижен судир кај Колари, повредени четири лица

Верижен судир кај Колари, повредени четири лица
фото илустарција

Сообраќајна несреќа во која повредени се четири лица, од кои едно потешко, се случила вчера вечера на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари.

Од СВР Охрид информираат дека во несреќата учествувале „Фолсфаген Буба“ со кичевски регистарски ознаки, управувана од А.Ч.С.(32) од Кичево, „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Н.(37) од Скопје, „Ламборџини“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ш.(24) од Скопје и „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.П.(23) од Скопје.

-Притоа, А.Ч.С. се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентен центар во Скопје, додека со телесни повреди се здобиле Д.Ш. и Б.С. (31) – возач и сопатникот во возилото „Ламборџини“ како и П.П. возачот на возилото „Киа“, целат од охридската полиција.

На местото на незгодата, извршен е увид.

Коронавирус