Велосипедистка се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 15.30 часот на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје.
-Несреќата се случила помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Љ.К.(56) од Скопје и велосипед управуван од Д.Б.(61) од Скопје. Во незгодата Д.Б. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.