Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера околу 17.40 часот се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.
Од полицијата информираат дека патничко возило „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од Куманово, удрило во велосипедистот Т.С.(70) од село Стањевци, светиниколско.
-Т.С. починал на местото на настанот, а смрт била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе, известуваат од МВР.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.