вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 64
home Хроника

Велосипедист удри жена и тешко повреди, па избега

Велосипедист удри жена и тешко повреди, па избега

Велосипед удрил во пешак Ц.Т.(68) од Струмица, по што велосипедистот го напуштил местото на незгодата.

Несреќата се случила вчера попладне на ул.,,Ката Поцкова’’ во Струмица.

-Ц.Т. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.