сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Хроника

Велосипедист тешко повреден, возачот избегал од лице место

Велосипедист тешко повреден, возачот избегал од лице место
илустрација

Скопјанец е тешко повреден откако вчера бил удрен од автомобил.

Несреќата, информираат од МВР се случила околу 20 часот на улицата „Јордан Мијалков“.

-Во несреќата учествувале свтомобил „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(38) од Скопје, кој по незгодата го напуштил местото на настанот и велосипед, управуван од П.И.(45) од Скопје. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус