четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Хроника

Велосипедист тешко повреден, возач со автомобил удрил во него па избегал

Велосипедист тешко повреден, возач со автомобил удрил во него па избегал
илустрација

На 06.04.2021 околу 16.00 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Николај Островски“ и ул.„Моцартова“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипедист Р.З.(36) од Скопје, а потоа возачот со возилото го напуштил местото на незгодата, информира МВР.

Велосипедистот бил пренесен во Клиничка болница „Аџибадем Сиситина“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус