понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Велосипедист тешко повреден во судир со две товарни возила

Велосипедист тешко повреден во судир со две товарни возила
илустрација

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 10 часот на крстосница од бул.„Туристичка“ и ул.„Јане Сандански“ во Охрид.

Во несреќата , информира МВР, учестувале товарно возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.С.(58), товарно возило „пежо партнер“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(66) и велосипед управуван од Т.П.(71), сите од Охрид.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од СВР Охрид.

Коронавирус