петок, 30. септември 2022. Вести денес: 134
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа
илустрација

Скопјанецот Ц.П.(64) е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера околу 17:20 часот се случила на крстосница ул.“Димо Хаџи Димов“ со ул.“Божидар Аџија“.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Фолксваген Поло“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.А.(40)  од Скопје кое удрило во велосипед управуван од Ц.П.(64) од Скопје.

-Во незгодата со повреди се здобил велосипедистот и тој бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“, каде му е укажана лекарска помош, а од страна на лекар констатирани му се тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Коронавирус