сабота, 6. март 2021. Вести денес: 68
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа
илустрација

На 21.01.2021 во 14.30 часот, на кракот од крстосницата од булеварите „Кузман Јосифовски Питу“ и „Крсте Мисирков“ во Скопје, Г.Т.(42) од Скопје, управувајќи патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, удрил во велосипедист Н.А.(50) од Скопје, информира МВР.

По незгодата Н.А. е пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на незгодата.

Коронавирус