понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 35
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка
илустрација

На 21.09.2020 во 19.15 часот на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Сремски фронт“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(35) од с.Добри Дол, гостиварско и велосипед управуван од М.Г.(69) од Скопје, информираат од полицијата.

По незгодата М.Г. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус