Дваесет и девет годишниот скопјанец Д.Љ. е тешко повреден откако вчера попладне во него удрил автомобил „Мазда”.
Несреќата, како што информираат од МВР, се случила околу 18 часот на улицата „Никола Тесла” кога автомобилот управуван од Г.Г. (69) од Скопје, удрил во велосипедистот.
Од ударот со повреди се здобил Д.Љ., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан за понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.