среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
илустрација

На 30.12.2020 во 15.20 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Пајко Маало“ и сервисна улица која води кон Национална универзитетска библиотека во Скопје, патничко возило „даеву ланос“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ѓ.(52) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од М.Ј.(60) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус