недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
илустрација

На 05.12.2020 во 08.55 часот било пријавено дека во Скопје, на кружен тек од бул.„Партизански одреди“ со ул.„Македонски војски“ и ул.„Борис Сарафов“, патничко  возило „цитроен берлинго“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Т.Ј.(31) од с.Волково, скопско, удрило во велосипед управуван од К.М.(74) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус