недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 78
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Кичево

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Кичево
илустрација

Маж е тешко повреден откако вчеа во него удрил автомобил.

Како што информираат од МВР, несреќата се случила на булеварот „Ослободување“ во Кичево, кога патничко возило „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.У.(27) од с.Зајас, кичевско,  удрило во велосипед управуван од Г.А.(44) од Кичево.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот на кого му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево.

Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Коронавирус