недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 26
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Карпош

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Карпош
илустрација

Четириесет и шест годишната М.Б.А. од Скопје вчера се здобила со тешки повреди откако била удрена од автомобил „Сеат ибица“ управуван од скопјанецот Т.К. (43).

Од полицијата информираат дека несреќата се случила во 17:40 часот на ул.„Никола Парапунов“, после крстосницата со ул.„Волгоградска“.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Б.А., велосипедист, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус