понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 80
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на патот Струга-Охрид

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на патот Струга-Охрид
илустрација

На 11.07.2020 во 18.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Охрид, после болницата „Свети Еразмо“, патничко возило „опел астра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.И.(43) од Охрид, удрило во велосипед „полар“, управуван од Ж.С.(42), од с.Радожда, струшко.

-Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Коронавирус