понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 97
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на Кале

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на Кале
илустрација

На 24.08.2021 во 09.30 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Самоилова“ и сервисна улица што ги поврзува ул.„Самоилова“ и ул.„Иљо Војвода“ во Скопје, патничко возило „цитроен Ц5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрило во велосипед, управуван од Т.Т.(74) од Скопје и го напуштило местото на незгодата, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус