Хроника

Велосипедист тешко повреден во Охрид

Велосипедист тешко повреден во Охрид

На 11.12.2023 во 15.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Македонски просветители“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода“ со албански национални ознаки, управувано од Д.Г.(45) од Република Албанија и велосипед управуван од Ц.К.(74) од Охрид, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

To top