среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 124
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во Битола

Велосипедист тешко повреден во Битола
илустрација

На 27.09.2020 во 18.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Столарска“, пред крстосница со кружен тек со ул.„Филип Втори Македонски“, патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(36) од с.Јеловјане, тетовско, удрило во велосипед, управуван од Р.Н.(43) од Битола, информира МВР.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Коронавирус