вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Хроника

Велосипедист тешко повреден, пренесен во ГОБ „8 Септември“

Велосипедист тешко повреден, пренесен во ГОБ „8 Септември“

Скопјанецот Ф.Н. (51) се здобил со тешки повреди откако бил удрен од автомобил.

Од полицијата информираат дека автомобил „Тојота“ управувана од И.К. (33) од Скопје удрил во велосипед кој го управувал Ф.Н.

Несреќата се случила вчера околу 13 часот на улицата „Љубљанска“ во Скопје.

-Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

ЕУРО 2020

Македонија