сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Велосипедист тешко повреден на Водњанска

Велосипедист тешко повреден на Водњанска
илустрација

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 08.25 часот на крстосницата од бул.„Мајка Тереза“ и улиците „Тодор Александров“, „Белградска и „Ацо Караманов“.

Автомобил „Пежо 207“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(46) од Скопје удрило во велосипед, управуван од Х.М.(44) од Скопје.

-Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус