понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Велосипедист тешко повреден на патот Кичево – Македонски Брод

Велосипедист тешко повреден на патот Кичево – Македонски Брод
илустрација

Со тешки повреди се здобил велосипедист во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод.

Во несреќата учествувале „Ауди А6“, со регистарски ознаки на Македонски Брод, управувано од М.Ф.(55) од Кичево и велосипед управуван од С.Л.(73) од Кичево.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.