вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 58
home Хроника

Велосипедист повреден во сообраќајка во Тетово

Велосипедист повреден во сообраќајка во Тетово
илустрација

Велосипедист е повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 14,20 часот, на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово.

Од МВР информираат дека патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Б.Б.(25) од Тетово удрило во велосипед што го управувал А.А.(37) исто така од Тетово.

Повредениот велосипедист e пренесен во тетовската клиничка болница.

Извршен е увид на местото на настанот.

Коронавирус