четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 41
home Хроника

Велосипедист повреден во Охрид, бил удрен од автомобил

Велосипедист повреден во Охрид, бил удрен од автомобил
илустрација

На 27.09.2021 во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосница од бул.„Туристичка“ и ул.„Хаџи Мустафа“ во Охрид, патничко возило „шкода јети“, со албански национални ознаки, управувано од А.Ѓ.(54) од Охрид, удрило во велосипед управуван од М.М.(75) од Охрид, информира МВР.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Охрид.

Локални избори 2021