сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 85
home Хроника

Велосипедист од Кичево тешко повреден во сообраќајка

Во незгодата, патничко моторно возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки , управувано од А. Р.(23) од Кичево удрил во велосипедист Б. П. (76)  од Кичево.
Велосипедист од Кичево тешко повреден во сообраќајка
илустрација

На 29.12.2017 година околу 19:20 часот во Кичево на ул.„Борис Кидрич“ во близина на крстосницата со ул.„11-ти Септември“, се случила сообраќајна незгода.

Во незгодата, патничко моторно возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки , управувано од А. Р.(23) од Кичево удрил во велосипедист Б. П. (76)  од Кичево.

А.Р. со своето возило веднаш го пренел Б.П. во медицинскиот центар во Кичево, од каде по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Ургентен центар-Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица-Кичево.

 

Коронавирус