Скопјанецот И.Т.(45) вчера попладне на улицата „23-ти Октомври“ управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал.
-И.Т. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.