Автомобил „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(53) од с.Синичане удрил во велосипед, управуван од М.С.(74) од Тетово.
Несреќата, информира МВР, се случила вчера во 12:30 часот на улицата „Љуботенска“ во Тетово.
-Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, велат од полицијата.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.