вторник, 22. мај 2018. Вести денес: 72
home Хроника

Велишанец тешко повреден во сообраќајка, падна од моторцикл

Велишанец тешко повреден во сообраќајка, падна од моторцикл

На 15.05.2018 година во 9:10 часот во Велес на улица „Коце Димов Витамин“ Ѓ.Ј.(63) од Велес управувајќи моторцикл „Баотиан“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола над моторциклот и паднал.

По незгодата возачот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Здравствен дом Велес, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредата е префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.