недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 68
home Хроника

Велешката полиција приведе две лица за обид за разбојништво во продажен објект

Велешката полиција приведе две лица за обид за разбојништво во продажен објект

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 20 часот ги лишиле од слобода 30-годишниот К. Г. и 36-годишнит Љ.Ј., двајцата од Велес, затоа што 15 минути претходно со закана се обиделе да извршат разбојништво во продажен објект во градот, информира портпаролот Верољуб Додевски.

-Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава,најави Додевски.

Додевски воедно информира и дека околу 13 часот во СВР Велес, 32-годишниот Н.П. од Велес пријавил дека бил физички нападнат на ул „Тодор Христов – Офицерчето“ од страна на 30-годишниот К.Г. од Велес.

-По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, најави Додевски.

ЕУРО 2020

Македонија