вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 75
home Хроника

Велешанец го загуби животот: Со мопед возел во спротивна насока на автопатот

Велешанец го загуби животот: Со мопед возел во спротивна насока на автопатот

31-годишен маж од Велес кој управувал со мопед загинал при судир со автомобил на автопатот Штип-Свети Николе кај штипското село Кривидол.

Според СВР Штип, автомобилот кој се судрил со мопедот бил со скопски регистарски таблички, а во несреќата учествувале уште две други возила.

Полесно се повредени и возачот на автомобилот Мерцедес и двајца негови сопатници кои се малолетни лица. Од страна на Итната медицинска помош се пренесени на лекување во Клиничката болница во Штип.

Според очевидци, несреќата се случила поради возењето на мопедот кој бил без регистарски таблички во спротивна насока на автопатот.

На местото на несреќата увид имаат извршено крим техника на СВР Штип и основен јавен обвинител.