сабота, 15. август 2020. Вести денес: 75
home Скопје

Веќе стана секојдневна слика во Скопје: Уште две лица искасани од кучиња скитници

Веќе стана секојдневна слика во Скопје: Уште две лица искасани од кучиња скитници

Уште двајца скопјани се искасани од кучиња скитници.

Вчера во 19.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Р.П.М. (45) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.

Исто така, вчера во 17.30 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Д. (20) од Скопје пријавил дека на бул. „Србија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје стана преплавено со кучиња скитници, а граѓаните се преплашени. Искасани граѓани се секојдневна слика во главниот град во државава.

Еден од главните проблеми на Градот Скопје е со кучињата скитници, а градскиот татко Петре Шилегов се уште нема решение за ова.

Коронавирус