понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 121
home Хроника

Ужасни детали за трагедијата: Мајката и ќерките целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина

Ужасни детали за трагедијата: Мајката и ќерките целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина

Телата на мајката и двете ќерки целосно изгореле во трагедијата која завчера се случи на Солунска глава, а телото на таткото, односно пилотот што го управуваше авионот е изгорено до половина, дознава МКД.МК.

Она што официјално се знае е дека идентификација на телата ќе се прави со ДНК од нивни блиски роднини.

Георги Ангелов Бошнаков (1970), Гергана Бошнакова Георгиева (2005), Билјана Бошнакова Георгиева (2000) и Калина Корнајева Цонева (1972) загинаа при падот на авионот „цесна” П210Н на 80 километри од Скопје, на планината Јакупица во близина на врвот Солунска Глава.

Авионот со германски регистрации бил во сопственост на Георги Бошнаков.

Коронавирус