четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 181
home Хроника

Ужасни детали: Скопјанец обвинет за грубо насилство врз 14-годишно девојче

Ужасни детали: Скопјанец обвинет за грубо насилство врз 14-годишно девојче

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 23 јануари, обвинетиот 64-годишник извршил грубо насилство врз дете на возраст од 14 години. Имено, оштетената со нејзиното семејство биле потстанари во куќа во сопственост на осомничениот. На критичниот ден девојчето скршило огледало во куќата, па сопственикот започнал да ја удира со тупаници и со дрвен стап по главата и телото и да ја влече за косата.

Во еден момент зел парче од скршеното огледало и ја исекол на задната страна на вратот. Потоа зел вилушка и и ја ставил под вратот, во исто време тегнејќи ја за косата. Од извршеното насилство оштетеното дете се здобило со телесни повреди – гребаници, набиеници и отоци.

За време на настанот во куќата била и сопругата на братот на оштетената со нејзините две деца на возраст од три месеци и 1.5 година, која не успеала да му помогне на девојчето и кај која обвинетиот со своето однесување предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот процени дека се уште постои опасност од бегство на обвинетиот, како и можност тој да го повтори кривичното дело. Од тие причини тој од Основниот кривичен суд Скопје побара да ја продолжи определената мерка притвор.

Коронавирус