четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Ужас во струмичко: Бебе пронајдено мртво во јама

Ужас во струмичко: Бебе пронајдено мртво во јама

Бебето кое го родила 19-годишната струмичанка било пронајдено во јама, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата. Бебето било мртво.

Во СВР Струмица, случајот е пријавен на 3 март, кога доктор од струмичката болница јавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко.

По извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила.

Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување, а бебето не е најдено.