четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Ужас во Сарај: Ранети три лица во автобус, едно е во критична состојба

Ужас во Сарај: Ранети три лица во автобус, едно е во критична состојба

Жестока физичка пресметка меѓу две групи се случила денес во автобус во скопски Сарај.

Според неофицијалните информации до кои дојде КУРИР, повредени се три лица кои со убодни рани итно биле пренесени во болница.

Како што неофицијално дознаваме, едно од повредените лица е во критична состојба и пренесено на Ургентен центар.

КУРИР побара детали од МВР, кои по добивањето веднаш ќе ги споделиме со јавноста.