среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 3
home Хроника

Утринава страшна сообраќајка кај Железничка, младо момче тешко повредено

Утринава страшна сообраќајка кај Железничка, младо момче тешко повредено

На бул.„Јане Сандански“ пред крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(23) од Скопје, удрило во бетонска жардињера и се превртело.

Од МВР информираат дека несреќата се случила утринава во 4 часот.

-Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.